Како што пренесува дорбо известениот Фабрицио Романо преговорите помеѓу Фиорентина и Душан Влаховиќ се завршени неуспешно.
Влаховиќ ги одбил понудите на италијанскиот клуб, а тоа го потврди и првиот човек на Фиорентина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Влаховиќ не ја прифати нашата голема понуда за продолжување на договорот. Преговаравме со месеци, готово е“, изјави Роко Комизо. Понудата од Фиорентина изнесуваше четири милиони евра по сезона со што Србинот имаше можност да стане најплатениот играч во историјата на клубот од Фиренца.
Договорот на српскиот фудбалер му истекува во јуни 2023 година. Преговорите долго се водеа, скоро цело лето се пишуваше и за заминување, но тоа не се случи. Влаховиќ минатата сезона го предводеше нападот на Фиорентина со 21 гол на 37 натпревари во Серија А. Во актуелната продолжи во ист ритам и веќе постигна шест гола на осум натпревари.
Помеѓу најсериозните кандидат за доведување на Влаховиќ е Јувентус.
Dusan Vlahovic new contract talks have collapsed. Fiorentina president Commisso: “Vlahovic has not accepted our huge contract extension proposal. We’ve been trying for months, but it’s over”. 🟣🇷🇸 #Vlahovic
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) October 5, 2021
Vlahovic is out of contract in June 2023. Big opportunity.