Дома Фудбал Италија Потврдено: Бонавентура утре оди под нож – сезоната за него е завршена!

Потврдено: Бонавентура утре оди под нож – сезоната за него е завршена!

Играчот на врска за Милан, Џакомо Бонавентура отпатува за САД каде ќе му биде извршена операција на лигаментите од коленото.

За жал повредата се покажа полоша од предвиденото, па Бонавентура ќе мора да оди на операција, а потоа му следува долг период на рехабилитација околу 7-8 месеци.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тоа значи дека сезоната за Италијанецот е завршена, а тоа е сериозен удар за „росонерите“ бидејќи Бонавентура беше еден од најважните играчи во тимот на Гатузо.

Во Милан во моментов владее вистинска „епидемија“ на повреди, па надвор од теренот се точно десет фудбалери, меѓу кои Калдара, Мусакио и Бонавентура ќе отсуствуваат повеќе месеци, а Ромањоли ќе се врати во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…