
Нусар Мазрауи ќе биде нов фудбалер на Баерн Минхен, потврди спортскиот директор на Баерн Минхен Хасан Салихамиџиќ.




Десниот бек кој во овој момент настапува во редовите на Ајакс од наредната сезона пристигнува во Минхен. Трансферот и претходно се најавуваше, а сега е и потврден.




Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Мазрауи одлучи да ни се придружи. Во завршни преговори сме и се е како што треба. Него го посакуваа најголемите клубови, но тој го избра Баерн“, изјави Салихамиџиќ.




Договор е постигнат, медицинските прегледи исто така се завршени. Наскоро и се ќе биде официјално…