Ако претходно имавме само пишувања на медиумите сега добивме и потврда и тоа од Пеп Гвардиола – Микел Артета води преговори со Арсенал.
Дека Артета би можел да го превеземе Арсенал се шпекулира подолго време, но гласините беа засилени кога пред неколку дена делегација на Арсенал беше фотографирана пред неговиот дом.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Артета се уште нема водено како клубк како главен тренер, но веќе три сезони е помошник на Манчестер Сити и во тој период „граѓаните“ освоија седум трофеи помеѓу кои беа и две титули во Премиер лигата.
Гвардиола на медиумите им потврди дека Артера преговара со Арсенал.
„Знам исто колку и вие. Се видов со Артета, преговара со Арсенал, но не знам што ќсе случи на крајот“, изјави Гвардиола.