Репрезентативецот на Македонија, Висар Муслиу стави потпис на двегодишен договор со германскиот второлигаш Падерборн.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Муслиу така заминува од Инглоштад со кој се натпреваруваше во Третата германска лига и следната сезона ќе биде дел од Втората или популарната Цвајт.
Договорот кој го потпиша Муслиу е на две години со можност за продолжување на соработката на уште една, ако и двете страни се задоволни. Во изминатата сезона Падерборн заврши на шестото место во Втората Бундеслига и се бореше за место во елитната конкуренција.