Играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Леон Горецка влезе во последната година и веќе подолго време се водат преговори за продолжување на соработката.
Баерн сака да го задржи затоа што не сака нов случај Давид Алаба кој ова лето си замина бесплатно. Договорот на Горецка истекува на крајот на сезоната и тој во јануари ќе биде слободен да преговара со други клубови.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Последните информации од Германија се дека двете страни постигнале договор, па наскоро 26-годишниот плејмејкер ќе стави потпис на договор со Баерн до 2026 година.
Ова е одлична вест за Баварците бидејќи интерес за Горецка покажуваат Барселона и Манчестер Јунајтед.
Leon Goretzka has committed his long-term future to Bayern Munich until 2026, after summer interest from Manchester United.
— Sky Sports News (@SkySportsNews) September 16, 2021