Дома Фудбал Италија Последен ден Барселона да ја активира клаузулата за Лаутаро

Последен ден Барселона да ја активира клаузулата за Лаутаро

Барселона уште денеска има прилика да ја активира откупната клазула во договорот на Лаутаро Мартинез.

Да потсетиме, Мартинез во договорот со Интер има откупна клазула во износ од 111 милиони евра, но истата истекува на полноќ.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Тоа значи дека Интер веќе не мора да прифати понуда за овој играч и најверојатно ќе остане на Џезепе Меаца и наредната сезона.

Италијанските и шпанските медиуми претходните месеци на големо пишуваа дека Лаутаро скоро сигурно ова лето ќе се пресели на Камп Ноу, но Калчомеркато денеска го тврди спротивното.

Тие тврдат дека економската криза поради коронавирусот влијаела во Барселона, која во овој момент нема пари да исплати 111 милиони евра за ѕвездата на Нероаѕурите.

Оваа информација секако ќе ги израдува навивачите на Интер бидејќи Лаутаро и оваа сезона е еден од најдобрите играчи во клубот. Во сите натпреварувања запиша 37 натпревари, постигна 17 погодоци и пет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Потег за почит: Гвардиола му даваше совети на противнички играч🎥

Адама Траоре беше трагичар за Фулам во поразот од Манчестер Сити со 3-2 бидејќи имаше неко…