Договорот вели дека останува до јуни – реалноста вели дека може да „лета“ веќе в сабота.
Пред Џенаро Гатузо е натпревар да се биде или не. Ако го победи Јуве ќе остане на клупата на Наполи и ќе ги зголеми шансите за пласман во ЛШ, но ако биде поразен ќе заработи отказ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа е ултиматумот со кој поранешниот италијански репрезентативец се соочи оваа недела. Сопственикот на клубот, Де Лаурентис му соопштил дека има два обиди да ја зачува работата. Едниот го пропушти во Бергамо и му останува уште еден. Против тимот кој е во одлична форма, со шест победи во низа и ремито против Интер.
Притоа, Наполи е поразен четири пати во последните шест натпревари и е под голем притисок. Доколку загуби уште еден, извесно е дека Гатузо ќе биде сменет на четири месеци пред крајот на договорот.
Кој би можел да го замени?
Прв на листата е Рафа Бенитез. Италијанските медиуми тврдат дека шпанскиот стручњак е прва желба на Де Лаурентис и дека веќе се во меѓусебен контакт. Претходно, Рафа две сезони помина во Наполи, а потоа беше во Реал, Њукасл и Далијан, а сега е без ангажман.
Покрај Бенитез, Наполи ги разгледува опциите и со Иван Јуриќ, Роберто де Зерби, и Винченцо Италијано, кои се со договори во Верона, Сасуоло и Специја.
Сепак, еден од нив може да ангажира дури по крајот на сезоната, што секако нема да му се допадне на Де Лаурентис. Нов тренер му е потребен веднаш.