Пред утрешниот почеток на подготовките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, продолжена е и соработката со офанзивецот Марјан Алтипармаковски.
Алтипармаковски имаше одлична сезона во дресот на „сините“ завршувајќи ја со десет погодоци и четири асистенции, по што сега следи нов договор со Брегалница.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Клубот продолжува во спортскиот дел активно со креацијата на тимот за следната сезона. Во таа насока се, паралелно и со потпишувањето на договорите со членови од младинските категории, се и новите договори со досегашните првотимци кои покажаа и докажаа во изминатата сезона дека се од исклучително значење за тимот, како што е искусниот офанзивец Марјан Алтипармаковски“ – вели спортскиот директор на Брегаланица, Никола Тонев.
Тонев дополнува дека во периодот кој следи ќе продолжат засилувањата на тимот како максимално подготвено би се дочекала новата сезона во Првата лига.
30-годишниот Алтипармаковски претходно во својата кариера, како што е познато, има настапи и за Работнички, Пелистер и Струга ТЛ на македонската сцена, како и за грчките Шкода Ксанти и Панилиакос, литванска Судува, хрватски Интер Запрешиќ, како и за Сараево во БиХ.