Дома Останати Кошарка (Видео) Неверојатно: Дончиќ постигна 100 поени за 24 часа, Словенецот игра најдобра кошарка во животот

(Видео) Неверојатно: Дончиќ постигна 100 поени за 24 часа, Словенецот игра најдобра кошарка во животот

Во ноќта помеѓу среда и четврток постигна 40 поени против Хјустон, а само 24 часа подоцна даде дури 60 против Мајами. Лука Дончиќ игра најдобрата кошарка во неговиот живот, а статистиката тоа јасно го покажува!

Многумина стравуваа дека проблемите кои го затекнаа во приватниот живот ќе му влијаат на игрите во дресот на Лејкерс, но Словенецот покажа неверојатна ментална сила. Во ек на скандалите „експлодираше” на паркетот!

Минатиот четврток првпат стигна до бројката од 50 поени во дресот на Лејкерс, а сега отиде чекор понатаму… Претходната вечер забележа 60 поени во победата над Мајами, што е негов најдобар учинок во франшизата од ЛА и вториот најдобар во неговата НБА кариера!

Лука забележа 60 поени со одлични 18/30 од игра (60 проценти). Погоди 9 тројки од 17 обиди, а реализира и 15 слободни фрлања од 19 обиди. Дополнително, имаше седум скокови, три асистенции и пет украдени топки.

Само ден претходно доминираше и во натпреварот против Хјустон Рокетс, кога забележа 40 поени со девет скокови и 10 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…