Дома Македонски спорт После шест месеци во Унгарија, Матеј Цветановски се пресели во Партизани

После шест месеци во Унгарија, Матеј Цветановски се пресели во Партизани

После шест месеци во Ѓирмот македонскиот фудбалер Матеј Цветановски кариерата ја продолжува во редовите на албански Партизани каде што пристигнува како слободен играч.

Минатото зимо Цветановски од Шкупи се пресел иво Унгарија меѓутоа со неговиот тим не успеа да избори опстанок во првата унгарска лига, па брзо си замина.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во кариерата покрај Шкупи и Ѓирмот Цветановски беше дел уште од Вардар, Македонија Ѓорче Петров и Пелистер. Боите на Вардар ги бранеше во последната шампионска титула на црвено-црните кога беше еден од најважните играчи.

Со неговиот трансфер во албанското првенство се зголемува македонската колонија кај западниот сосед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…