Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Матеј Цветановски од утрово и официјално е нов член на Железничар од Босна.
Цветановски во првата изјава како фудбалер на босанскиот клуб изрази големо задоволство бидејќи овој трансфер го смета за чекор напред во кариерата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Моите први впечатоци се одлични, слушнав убави зборови за клубот. Имаат одлични навивачи кои прават добра атмосфера. Разговарав со неколку мои пријатели кои играат во ова првенство, ми кажаа добри работи и ова го сметам за чекор напред во мојата кариера. Навивачите можат да очекуваат дека во секој натпревар ќе давам се од себе на теренот“, изјави Цветаноски.
Во редовите на Железничар, Цветановски пристигнува од струмичка Брера за која во минатата сезона одигра 25 натпревари.