Воска Спорт во вчерашниот бараж против Тиквеш изгуби со 4:1 и не успеа да стигна до место во најсилната конкуренција, па наредната сезона повторно ќе биде дел од Втората лига.
После убедливот пораз од Тиквеш Воска остана и без тренер. Од клупата на охридскиот тим си замина тренерот Раде Цицмиловиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На крајот од вчерашниот натпревар Цицмиловиќ им се заблагодарил на фудбалерите за соработката и им соопштил дека заминува. Инаку Воска ја играше својата прва сезона како второлигаш и веднаш стигна до бараж за прва лига.