По заминувањето на досегашниот стратег Миљан Радовиќ, денеска фудбалскиот клуб Воска Спорт објави дека нов тренер на екипата е Срѓан Захариевски.
Поранешниот македонски репрезентативец беше официјално промовиран пред јавноста од претседателот на клубот, Нефи Усеини.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Асистент на Захариевски ќе биде Сеит Крека кој до сега работеше со младинските групи, а сега ќе биде дел од првиот тим.
Захариевски претходно соработуваше со Струга, Пелистер и Металург.
Дебито на клупата ќе го има на 25 февруари против Силекс во рамките од 20 коло во Првата македонска лига.