За новата сезона екипата на Пелистер се засили и со Љавдрим Фазлиу.
Фазлиу се враќа во Битола после една година откако изминатата сезона го носеше дресот на Македонија Ѓорче Петров.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
22-годишниот фудбалер кој во кариерата настапуваше и за Работнички со Пелистер сега потпиша договор на една година.
Зад себе има 87 натпревари во Првата лига, а тој е само едно од засилувањата кои пристигнаа во Битола во последниот период со цел битолската гордост да се избори за враќање во елитата.
Коментари