Дома Фудбал Италија После две „корпи“, Рома тргнува по Михајловиќ

После две „корпи“, Рома тргнува по Михајловиќ

Раководството на Рома е во потрага по нов тренер, а најновото име на листата желби е Синиша Михајловиќ.

Првата желба на „волчицата“ беше Антонио Конте кој јавно ја одби понудата за да се пресели во Интер.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Потоа Рома стапи во контакт со тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, па иако медиумите тврдеа дека е постигнат договор, сепак искусниот стратег одлучи да остане во Бергамо.

„Скај Италија“ пренесува дека Рома сега се насочува кон Синиша Михајловиќ и веќе ги направила првите контакти со српскиот стратег.

Михајловиќ оваа сезона доби многу позитивни критики со одличните резултати кои ги имаше во Болоња, па Рома во него гледа идеално решение.

Михајловиќ претходно седеше на клупата на Милан, каде не се прослави, па Рома може да му биде втората шанса да води голем клуб во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Алиоски со супер гол донесе голем бод против Белгија

Македонската репрезентација одигра одличен меч против Белгија и одигра 1:1 на Арената во С…