Дома Фудбал Репрезентации Португалија го ослободи Роналдо, порано се враќа во Манчестер

Португалија го ослободи Роналдо, порано се враќа во Манчестер

Кристиано Роналдо одигра одличен натпревар Португалија во квалификациите за Светското првенство.

Португалија на домашен терен губеше со 0:1 се до 89. минута, а тогаш Роналдо постигна два гола за пресврт. Со тоа тој стана рекордер со најмногу голови за една репрезентација (111).

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


При прославата на вториот гол Роналдо доби жолт картон со што стигна до бројката од парни жолти картони и нема да може да игра во следното коло со Азербејџан.

Пред тоа Португалија ќе игра против Катар пријателски натпревар, но Роналдо нема да биде во комбинација и за овој дуел. Селекторот на Португалците му дозволи на Роналдо порано да се приклучи на неговиот ново/стар клуб Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…