Дома Фудбал Репрезентации Португалија во два натпревари постигнала само еден гол против Македонија 🎥

Португалија во два натпревари постигнала само еден гол против Македонија 🎥

Кристијано Роналдо е најдобар стрелец на сите времиња, но и рекордер по бројот на голови за репрезентацијата, на своето конто Роналдо иома 115 голови против 46 различни репрезентации, а Македонија не е на таа листа.

Со Португалија во нашата историја сме играле два пати и во тие два натпревари Португалците ни дале само еден гол. Македонија резмизираше со Португалија во Леира, а тогаш во составот на оваа селекција покрај Роналдо беа играчи како Кварезма, Бруно Алвеш, Нани, Рикардо Коста…Во овој состав на Македонија има само двајца репрезентативци од тој натпревар Стефан Ристовски и Стефан Спировски. Тој натпревар се одигра на 26. мај 2012 година.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Единствената победа против Македонија Португалците ја забележаа на 2. април 2003 во Лозана. Единствениот гол на тој натпревар беше дело на Луис Фиго, а селектор беше Луис Фелипе Сколари кој една година претходно со Бразил го освои Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…