Како што пренесува „Газета дело Спорт“, Интер ова се метите на Интер за засилување во средината на теренот.
Со заминувањето на Жоа Марио кој се покажа како промашување во Интер се отвори место за нов фудбалер од средината на теренот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На радарот на „нероаѕурите“ се најдоа двајца фудбалери, соанрдоникот на Марио и првотимец од Спортинг, Вилијам Карваљо, но и францускиот интернационалец од редовите на Ница, Виан Сиприен.
Кога во прашање е Карваљо тој со заминување од Спортинг се поврзува веќе некое време. Го посакуваа неколку клубови од Премиер лигата, но и Монако, но сепак Португалецот остана во татковината.
Тој сака да замине, смета дека дојдено е време да направи исчекор во кариерата, но управата на португалскиот клуб е решена од неговиот трансфер добро да заработи.
Втората опција како што кажавме е Сипирен, нема сомневање дека тој е по достапна опција од Португалецот бидејќи оваа сезона во Лига 1 запиша само три настапи. Неговата вредност на трансфер пазарот се проценува на околу 10 милиони евра.