Дома Луд Спорт Порно ѕвездата го трола Кариус, се приклучи и Балотели

Порно ѕвездата го трола Кариус, се приклучи и Балотели

Најголемиот трагичар на синоќешното финале од Лигата на шампионите беше голманот од Ливерпул, Лорис Кариус.

После загубениот финален дуел, Кариус плачеше, а го тешеа соиграчите и колегите од противничкиот тим на Реал Мадрид. Голманот им се извини на навивачите, а денес неговиот ноќен кошмар продолжи на социјалните мрежи, особено на Инстаграм каде почнаа на големо да го реметат и мезат.

A post shared by LORIS KARIUS (@lorisk21) on


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Кариус пред неколку дена објави фотографија со опис „гледаме кон пехарот“, а илјадници навивачи му порачаа дека треба да гледа кон топката, а не кон пехарот. Во илјадниците коментари се приклучи и Миа Калифа која го тролаше голманот на Ливерпул со емотикони. Во мезето се придружи и Марио Балотели, кој на фотката од Кариус стави два пара очи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Ракун прекина фудбалски натпревар🎥

На мечот од МЛС меѓу Филаделфија Унион и Њујорк Сити, ракун се појави на теренот. Фудбалер…