За нов шеф на Стручниот Штаб на ФК Каменица Саса е избран Иван Варадиновски фудбалско име со кое почнуваат новитетите во зелено-црниот тим.
Иван Варадиновски е поранешен прв човек на клупата на ФК Пехчево, кадешто 2 години бил и асистент на шефот на стручниот штаб, поранешен тренер на најмладите категории на Штипска Брегалница кадешто продолжил како тренер во пионерско-младинската школа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како фудбалер своите први чекори ги прави во Брегалница Штип кадешто за првпат настапува и во сениорски тим, фудбалер е и на Беласица, Скопје, Локомотива и Плачковица. Се работи за млад фудбалски стручњак кој е полн со ентузијазам и желба за работа.
“Би сакал да и се заблагодарам на Управата на ФК Каменица Саса за укажаната доверба и ветувам дека ќе се вложам максимално и ќе дадам се од себе истата да биде оправдана!”, изјави Варадиновски.