Дома Македонски спорт Мак фудбал Службените лица се крстеа од главниот судија: ЖФК Каменица Саса го обвини Пилешков за грабеж на годината!

Службените лица се крстеа од главниот судија: ЖФК Каменица Саса го обвини Пилешков за грабеж на годината!

Од редовите на женскиот тим на Каменица Саса во текот на вчерашниот ден изнесоа сериозни обвинувања на сметка на главниот арбитар на овој натпревар Димитар Пилешков.

Пилешков е судија кој дели правда во Првата лига мажи, а натпреварот помеѓу Саса и Љуботен го судел само еден ден по обврските во Првата лига. Натпреварот заврши 2:2 без победник.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Соопштението од тимот на Каменица Саса ви го пренесуваме во целост:

„Грабеж на Годината
ЖФК Пилешков 2:2 ЖФК Каменица САСА
2 пенали , измислени фаули , за жал не можеше да шутне да даде гол за хет трик
Сега разбра цела Македонија зошто мораше тој да биде актерот иако вчера судеше Прва Лига Мажи!
Други судии јавно немаме за вакви работи па сабота,недела,понеделник пинг понг тој ќе биде!
Коментари од службени лица на натпреварот, да не им пишаме имиња немаат вина но се крстеа од главниот судија:
,,Овој што ви прави, ова е крајно безобразно,,
,,Ова го нема ни во општинска,,
Фудбалска Репрезентација на Македонија Фудбалска Федерација На Македонија
До кога ќе седите со скрстени раце?
Или тоа си е работа но надвор од фудбалските терени?“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Кикбоксот има 6 номинации од вкупно 6 категории за индивидуалниот македонски спорт

Оваа година Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија може да се пофали со извонреден успе…