Џовани Коболи Џили зборуваше за радиото од Неапол „Кис Кис“ и даде еден интересен предлог пред дербито за викендот.
Во недела на програмата е големото дерби помеѓу Наполи и Јувентус во рамките од Серија А, а како одлична увертира послужи предлогот на поранешниот претседател на „старата дама“, Џорџано Коболи Џили.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој ги анализираше двете екипи и нивните играчи и им предложи интересна размена.
Поранешниот претседател на Јувентус верува дека Јувентус и Наполи би требало да ги разменат Паоло Дибала и Калид Кулибали.
„Мислам дека на Дибала му е потребно ново искуство и Наполи е добра средина за него. Анчелоти може да го извлече најдоброто од него. Според мене тоа би бил идеален потег за неговата кариера“.
„Сепак, Дибала вреди околу 130 милиони, но доколку денес сум во Јувентус би направил се за да го доведам Кулибали“, изјави Џовани.
Дибала се поврзува со заминување од Јувентус, но Наполи досега не бил во комбинација, додека за Кулибали интерес покажуваа голем број европски гиганти.
Иначе овие денови на големо се пишува за трансфер помеѓу ривалите во Италија, но не помеѓу Јувентус и Наполи, туку помеѓу „старата дама“ и Интер.
Познатиот новинар Танкреди Палмери тврди дека Наполи испратил понуда за Икарди, но дека од Интер веќе стапил во контакт со тимот на Јувентус за трансфер на аргентинскиот голгетер. Ќе потсетиме, Икарди пропушти веќе четири натпревари на „нероаѕурите“.