Дома Фудбал Поранешниот претседател на Реал Мадрид заразен со коронавирус?

Поранешниот претседател на Реал Мадрид заразен со коронавирус?

Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Лоренцо Санз се наоѓа на интензивна нега во шпанска болница, јавуваат тамошните медиуми.

Реномираната Марка објави дека 76-годишниот Санз се наоѓа во тешка ситуација и со висока температура и дека е во групата на оние луѓе кои се сомнителни дека имаат коронавирус.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Иако резултатите на тестот се уште не се готови, лекарите се убедени дека се работи за коронавирус.“ – пишуваат Шпанците.

Санз на чело на Кралевите беше во периодот од 1995 до 2000 година. Тогаш Реал Мадрид освои два трофеи во ЛШ, победувајќи ги во финалето Јувентус и Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета зборуваше за борбата за титулата, па спомена еден играч: Моментално недостасува една работа…

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави вечерва дека сака фудбалерите од лондонскиот кл…