Дома Фудбал Поранешниот европски шампион го промени изгледот на грбот. Дали ја забележувате разликата?

Поранешниот европски шампион го промени изгледот на грбот. Дали ја забележувате разликата?

Холандскиот гигант Феенорд од Ротердам го промени изгледот на својот официјален грб, иако се работи за многу мали естетски промени кои на повеќето нема да им бидат видливи на прв поглед.

Од грбот е отстранета централната сива линија и малку е променет распоредот на буквите, што може да се види на видеото на кое се прикажани сите претходни промени на грбот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Актуелните вицешампиони на Холандија во своите витрини имаат три европски трофеи. Пред 54 години беа европски шампиони, а два пати го освоија Купот на УЕФА, во 1974 и 2002 година.

Тие го освоија холандското првенство 16 пати, а купот 14 пати. Четири пати го освојуваа и Суперкупот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најк „го истражува проблемот“ во дизајнот на дресовите за Светското првенство

Еден од најголемите производители на спортска опрема во светот, компанијата „Најк“ изјави …