Прославената македонска олимписка пливачка и шампион во поранешна Југославија, претставник на Македонија на две Олимпијади, а денес инструктур по пливање и професор на Факултетот за физичка култура и спорт, Наташа Мешковска испрати сериозни критики кон родителите, но целата федерација за подвигот кој сакаше да го направи малиот Марко.
Мешковска се огласи преку својот Фејсбук профил и јасно го искритикува сите кој дозволиле вакво нешто на дете од 13 години и испрати порака до родителите во иднина да се консултираат со стручни лица.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
– Почитувани пријатели, дали Марко можеше да плива 10км, за подигање на свеста? Кој одлучи дека треба да плива токму 64км? Кој е докторот кој даде одобрување за вакво нешто? Со кој памет федерацијата го одобри и поддржа настанот? Најдобронамерно, апел до родителите и тимот (ако воопшто го има), во иднина, консултирајте стручни лица пред да го ставите детскиот живот во опасност? Ако не им верувате на нашите, консултирајте било кој од фелата во регионот“, порача Мешковска преку Фејсбук профилот.