Дома Фудбал Поранешен шпански судија предизвика бура од реакции: 90% од судиите се за Реал, 10% за Барселона

Поранешен шпански судија предизвика бура од реакции: 90% од судиите се за Реал, 10% за Барселона

Поранешниот шпански судија Итуралде Гонзалес во шоу програмата „Ел Ларгеро“ даде изјава која веднаш брзо предизвика силни реакции во јавноста.

Гонзалес зборуваше за своите денешни колеги и го навлече гневот на навивачите на Реал Мадрид.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Тој доби прашање да даде свое мислење за денешните судии. Итуралде без многу да размислува одговори дека 90% од актуелните судии се на страна на Реал Мадрид, додека 10% ја фаворизираат Барселона.

„Во овој момент во Шпанија 90% од судиите се на страна на Реал Мадрид, а 10% се судии наклонети на Барселона“, гласеше одговорот на Итуралде кој предизвика реакции.

За Итуралде ова не е првпат да зборува нешто вакво, пред шест години исто така тврдеше дека поголем дел од судиите се на страната на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…