Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ беше ѕвезда на зимскиот преоден рок и од Фиорентина премина во Јувентус за сума од 70 милиони евра, а вечерва ќе се врати на „Артемио Франки“ во куп натпреварот на „старата дама“ против Фиорентина.
Навивачите на Фиорентиа ги фрустрира што нивните најдобри играчи во последните години преминуваат во Јувентус, пред Влаховиќ тоа го направија Бернардески и Киеза.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Целиот град смета дека Влаховиќ нас не предаде, баш како што во миантото направија Киеза и Бернардески. Тоа беа играчи кои поминуваа низ нашите млади категории, но изгледа никогаш не добија ДНК на Фиорентина. Како ќе биде пречекан Душан? Сигруно навивачите нема да молчат – Френцва е еден фантастичен град, игнорирањето не е во нашата ДНК. Ќе има реакции и сврежи, во тоа сум сигурен“, изјави кординаторот на навивачите на Фиорентина, Федерико де Синполи.
Натпреварот помеѓу Фиорентина и Јувентус се игра во терминот од 21:00 часот.