Дома Македонски спорт Мак ракомет Пораз на стартот на квалификациите за женската ракометна репрезентација

Пораз на стартот на квалификациите за женската ракометна репрезентација

Женската ракометна репрезентација на стартот од квалификациите за ЕП во Франција, загуби од Шведска со убедливи 38:26.

Нашите ракометарки отворија со 2 гола предност, но серијата од 7:0 ги насочи Швеѓанките на патот кон првиот триумф во квалификациите. Првото полувреме го добија потоа со 18:13.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во второто полувреме ништо не се смени, само Шведска ја зголемуваше предноста што на крајот изнесуваше 12 позитива.

Во таборот на македонската селекција најпрецизна беше Елена Ѓорѓиевска со 9 постигнати погодоци.

Македонската репрезентација во второто коло ќе се соочи против Србија, а натпреварот е закажан за в недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Една од одбраните на колото: Голманот на Вардар против Бенфика одбрани чист зицер! (Видео)

Ракометарите на Вардар вчера во Скопје одиграа меч за паметење и со сигурна победа над Бен…