Хрватскиот стратег Нико Ковач во изминатиот период се соочи со проблеми на клупата на Баерн Минхен.
Ѕвездите на Баерн наводно не се задоволни од начинот на кој Ковач ги води тренинзите и според медиумите Хрватот нема никаков авторитет во совлекувалната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Однесувањето на одредени фудбалери ги помина сите граници. Во првенствениот натпревар против Волфсбург, Франк Рибери и Жером Боатенг одбија да се загреваат.
Искусниот Французин не сакаше да се загрева и седна покрај рекламното пано, а поради тоа Ковач буквално полуде.
„Билд“ тврди дека поради таквата ситуација Ковач вовел ново правило. Сите играчи во иднина пред почетокот на натпреварот ќе мораат да се загреваат, досега тоа го правеа само оние од стартниот тим.
Ковач очигледно се уште има проблеми ов тимот и раководството на гигантот од Минхен би требало да размисли за иднината на тимот.
Reason: During the Wolfsburg game, Kovac ordered his subs to start warming up. Franck Ribéry had hardly moved and sat with wide open legs on the advertising board. Meanwhile, Jérôme Boateng was lying on the floor when warming up. pic.twitter.com/i1aVJlDnOK
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) November 1, 2018