Долгогодшниот помошник на Жозе Мурињо Руи Фарија наскоро би можел да биде назначен за прв тренер на Астон Вила, пренесува „Скај Спортс“.
43-годишниот Португалец во текот на целата кариера му беше помошник на Мурињо откако работеше со него во Челзи, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фарија, сепак, ги напушти „црвените ѓаволи“ во текот на летото и неодамна изјави дека има желба да стане главен менаџер, па наскоро би можело да му се оствари желбата бидејќи неговиот агент преговара со Астон Вила.
Тиери Анри, кој беше меѓу кандидатите за наследник на Стив Брус, веќе не е меѓу имињата кои се поврзуваат со клубот од Бирмингем.
За помошник на Фарија веќе се споменува сериозно Џон Тери, кој само пред неколку дена ја прекина кариерата, но го познава Португалецот од времето во Челзи, а и самиот тој исто така беше дел од Астон Вила.