Дома Македонски спорт Помалку грешки, подобра реализација и Бугарија ќе падне пред македонските фудбалери

Помалку грешки, подобра реализација и Бугарија ќе падне пред македонските фудбалери

Македонија

Македонската фудбалска репрезентација во Скопје ги продолжува подготовките за натпреварот против Бугарија во понеделник. Тој дуел е последен во Лигата на Нации, каде за жал не успеавме да го обезбедиме лидерското место.

Поразот од Грузија во петокот, значеше прво место за грузијците и борба за втората позиција за Македонија и тоа токму против Бугарија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


А можеше да биде многу поразлично пред толку очекуваниот натпревар со Бугарија. И покрај безбројните проблеми на Милевски на овој собир и откажувањата на Адеми, Ристовски, Чурлинов … Македонија одигра на високо ниво во Тбилиси. Имавме игра, имавме желба, имавме и шанси, но попусто кога го немаше она најважното – гол. Во моментите кога изгледавме најдобро на зелениот терен, примивме два гола по наши грешки, по кои не успеавме да се вратиме.

Но ако грешките се составен дел од фудбалот, не-реализацијата на шансите не е. Грешки имало, има и ќе има и во иднина. Но тие нема да бидат пресудни доколку се реализираат шансите на спротивната страна.

Тоа е болката на овој состав, големиот проблем на кои мора да му дојде крај и тоа сега, веќе на натпреварот против Бугарија која мора да падне во Скопје. Доколку момците на Боби, почнувајќи од Столе па напред до Миовски, одиграат како во Грузија, тогаш победата ќе биде на дофат.

Милан Ристовски
Милан Ристовски

Бугарија смени селектори и еден куп фудбалери во овие за нив очајни натпревари во Лигата на Нации. Затоа, што би се рекло народски е “Печена да падне во Скопје”, а тоа ние мораме да го искористиме.

Нема дилема дека Македонија поседува поголем квалитет од Бугарија и ние ќе бидеме тие кои ќе го диктираат темпото на игра во поголемиот дел од мечот. И повторно тука доаѓаме до двете клучни работи – концентрација пред нашиот и противничкиот гол. Велкосвки, Муслиу, Зајков и Серафимов – без разлика кој ќе добие шанса треба да бидат бедем пред голот на Столе, а на спротивната страна ќе има шанси, но овој пат тие мора да се реализираат. Очекувањата од Ристовски и особено Миовски кој игра во голема форма во Абердин, се големи и тие мора да бидат ударната игла на нашиот напад.

Но за да се исполни сето тоа, мора да дојде и подршка од трибините. Можеби не играме за прво место, не играме за пласман на ЕУРО, но нели Македонија треба да се подржи и кога победува и кога губи. Да ги наполните трибините и да бидеме ветер во грб за македонските фудбалери, кој нема сомнеж дека ќе изгинат за победа против Бугарија, кој нема сомнеж дека сакаат да покажат и докажат дека можат многу повеќе од она во Грузија, дека можат да победуваат.

Натпреварот Македонија – Бугарија се игра утре од 20:45 минути во Скопје. Потсетуваме, Грузија е лидер со 13 бода. Македонија се наоѓа на второто место со седум бода, еден повеќе од Бугарија. Гибралтар има еден бод на последната позиција. Ова значи дека Македонија и со реми ќе биде втора, но тоа не значи дека Македонија ќе биде задоволна со реми. Сакаме победа и ништо друго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Невил убеден: На Гвардиола мора да му ветиле спектакуларни засилувања

Maнчестер Сити е во најголемата криза откако Пеп Гвардиола е во клубот, „граѓаните“ нанижа…