Дома Македонски спорт Игра има, голови нема – Македонија играше во Тбилиси, Грузија даваше голови

Игра има, голови нема – Македонија играше во Тбилиси, Грузија даваше голови

Елиф Елмас

Македонската фудбалска репрезентација загуби во клучниот меч во Лигата на Нации од Грузија со 2:0. Македонија одигра обар натпревар, имаше доволно шанси пред противничкиот гол, но без реализација. Грузија две од малкуте шанси што ги направи и на крајот се радуваше на победа со која го обезбеди лидерското место во групата од Лигата на Нации.

Добро го почнавме натпреварот и веќе по само неколку минути Спировски влезе во шеснаесетникот и падна, но судијата остана нем иако постоеја индикации за пенал. И не застанавме тука, напротив со висок пресинг не им дзволивме на грузијците да се заканат кон голот на Димитриоски. Играта ја контолираше Македонија и притискаше кон голот на Грузија која делуваше повлечено.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Се чинеше дека се се одвива според планот. Имаше Македонија неколкуодлини обиди и делуваше опасно, но она што ние не успеавме да го реализираме, го казнија грузијците.

Првата шанса Грузија ја имаше во 33-та минута кога по ударот надвор од шеснаесеттикот, Столе топката ја исфрли во корна. По корната падна и голот. Имаше краток корнер, Кваратскелија кој до тој момент како да не постоеше на теренот влезе во шеснаесеттикот, упати брза топка во петерецот и Миовски постигна автогол.

После голот падна играта на Македонија, а Грузија го искористи тоа за конечно да притисне. Сепак, на полувреме се змаина со минимана предност на домаќинот со 1:0.

Кваратскелија
Кваратскелија

Како почнавме во првото, така почнавме иво вториот дел. По три минути игра Елмас веќе имаше две шанси за гол, но во првата шутираше крај голот а вториот обид го одбрани Лориа.

Миовски имаше супер шанса веќе во 51-та минута, но одбрани Лориа, а по корнерот Лориа не се помрдна кога Алиоски шутираше сантиметри крај неговиот гол. И Милан Ристовски се обиде од далечина по неколку минути.

И повторно гол во мрежата на Столе Димитриевски. Кога Грузија беше целосно повлечена и изгледаше распадната, Велковски направи неверојатна грешка по што Кваратскелија излезе сам и не му беше тешко да погоди за 2:0.

Милан Ристовски
Милан Ристовски

До крајот Македонија беше подобар противник, но без голови не може да се дојде до бодови. Реализацијата беше голем проблем на овој меч, кој Македонија мора што побргу да го заборави бидејќи за само неколку дена не очекува натпревар со Бугарија во Скопје.

Отсуството на Адеми, Ристовски, Чурлинов не смее да биде алиби за репрезентација која играше на последното Европско првенство и селекција која има високи амбиции и сака пласман на уште едно големо натпреварување. А реализацијата, мора да се подобри – без голови нема победи.

Следи мечот Македонија – Бугарија во Скопје на 26-ти по кој ќе биде познат конениот изглед на табелата. На Македонија и одговара и реми за да заврши на второто место, но победата е иператив – само така ќе се одржи атмосферата на високо ниво пред следните квалификации за ЕУРО 2024.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Аморим е свесен каде дојде: Не чека уште многу страдање!

Рубен Аморим викендов со реми против Ипсвич од 1:1 дебитираше на клупата на Манчестер јуна…