Дома Фудбал Репрезентации Полски репрезентативец нема да игра на Мундијалот затоа што потпиша за руски клуб

Полски репрезентативец нема да игра на Мундијалот затоа што потпиша за руски клуб

Репрезентативецот на Полска Мачер Рибус нема да игра на Светското првенство во Катар за својата репрезентација затоа што одлучи да потпише договор со руската Спартак Москва.

Рибус кој игра како лев бек како слободен играч се договори со Спартак Москва. Откако соработката помеѓу двете страни беше официјализирана од Полската фудбалска федерација соопштија дека тој нема да биде во конкуренција за настап во Катар.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Причината за изоставувањето која се наведува во соопштението е актуелната состојба во клупскиот фудбал.

„Селекторот на полската репрезентација разговараше со Рибус по тренинг кампот кој заврши во неделата. Поради ситуацијата во клупскиот фудбал тој нема да добие повик во циклусот на натпревари во септември, а нема да оди ниту на Мундијалот во Катар“, објавија од федерацијата.

Очигледно селекторот на Полјаците смета дека Рибус поради малиот број натпревари нема да биде во полна натпреварувачка форма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

(Видео) Фудбалски судија ја застрелал својата девојка во Мостар, па сакал да си „пресуди“

Босанските медиуми пишуваат дека Анис Калајџиќ, кој е фудбалски судија со големо искуство …