Дома Фудбал Англија Полицијата уапси двајца навивачи кои го гаѓале Рудигер во дербито со Тотенхем

Полицијата уапси двајца навивачи кои го гаѓале Рудигер во дербито со Тотенхем

Eкипата на Челзи вчера го совлада градскиот ривал Тотенхем на „Стенфорд Бриџ“, а овој натпревар беше обележан и со проблемите кои ги направија домашните навивачи.

Дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер се пожали дека е навредуван и гаѓан со разни предмеди од навивачите. Помеѓу предметите биле запалка и отварач за пиво.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Полицијата реагирала и уапсила две лица.

„Две лица се уапсени под сомневање дека фрлале предмети од трибините во текот на натпреварот Челзи – Тотенхем. Истрагата е во тек и ќе соработуваме со двата тима за да се пронајдат и идентификуваат останатите учесници во овој инцидент“, соопштија од полицијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

За Македонците во Гент пред натпреварот со Белгија ќе има фан-зона!

Фудбалската федерација на Македонија денеска објави дека пред дуелот со Белгија, кој ќе се…