Утрово се случува голема и координирана акција предводена од Министерството за внатрешни работи, со поддршка на Јавното обвинителство за сузбивање криминал со наместени натпревари во професионалните лиги, пренесува Скопје Инфо.
„Скопје Инфо“ открива дека припадници на МВР во текот на денешниот ден влегле во просториите на федерацијата со цел прибирање на информации за клубови, натпревари и официјални лица.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По добиени информации и препораки од „Спортрадар“, министерството за внатрешни работи е во интензивна акција за сузбивање на криминалот во фудбалот околу наместените натпревари. „Спортрадар“ е тело на Интерпол и УЕФА чија цел е борбата против наместени натпревари, а вакви акции со години се случуваа во многу земји од регионот но никогаш во Македонија.
Согласно информациите до кои дојде Скопје Инфо во истрагата се опфатени клубовите Шкупи, Македонија Ѓ.П, Воска, Академија Пандев (Брера), Силекс, како и второлигашите Победа, Арсими. Станува збор за натпревари кои се одиграни во Македонија и домашните натпреварувања оваа и минатата година.
Пред шест години единаесет лица беа уапсени во меѓународната полициска акција на Словенија, Хрватска и Еуропол насочена против корупцијата во спортот. Слична ваква акција беше спроведена лани во соседна Србија, по чие завршување неколку клубови беа исфрлени од првата лига.