Дома Фудбал Лига на шампиони Покетино се огласи за состојбата на Сон

Покетино се огласи за состојбата на Сон

Toтенхем вечерва во рамките од Лигата на шампионите ќе игра натпревар против Црвена Звезда.

Пред овој натпревар тренерот на Тотенхем, Покетино зборуваше за состојбата на Сон Хеунг Мин.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сон во неделата со еден ненамерен старт придонесе за тешката повреда на Гомеш. Кореецот беше исклучен, а потоа шокиран и во солзи го напушти теренот. Премиер лигата подоцна му го поништи црвениот картон и тој ќе може да игра веќе во наредниот викенд.

Во медиумите се појавија најави дека Сон психички не е спремен да игра и дека ќе го пропушти натпреварот против Звезда, сепак Аргентинецот откри дека Сон е во добра состојба.

„Сон е со нас и е добро. Во неделата се случија многу работи, тоа беше емотивен момент за сите, а најмногу за Сон. Сепак, сега е добро и е подготвен да игра“, изјави Покетино пред вечерашниот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…