Иднината на Килијан Мбапе е главна тема во спортските медиуми и шпекулациите за неговата иднина не престануваат.
ПСЖ сака да го задржи во своите редови, но Мбапе се уште не ставил потпис на нов договор и на лето ќе влезе во последната година од договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И самиот Мбапе неодамна изјави дека се уште не донел конечна одлука за иднината, а европските гиганти веќе работат на негов трансфер.
Тренерот на „светците“, Маурисио Покетино верува дека Мбапе наскоро ќе потпише нов договор и ќе остане во ПСЖ.
„Килијан е топ фудбалер и голем потенцијал. Тој е млад и може уште многу да се развува, па има огромен потенцијал. ПСЖ е во состојба да му даде СЕ, за да го направи среќен. Клубот треба да му го даде тоа што го сака и сметам дека прашањето на неговата иднина ќе биде решено наскоро“, изјави Покетино.