Дома Фудбал Останато Покетино призна дека европскиот гигант го повикал, но и дека тој го одбил

Покетино призна дека европскиот гигант го повикал, но и дека тој го одбил

Маурисио Покетино одби да работа во Реал Мадрид.

Тренерот на Тотенхем го признал тоа во разговор за шпанскиот „El Pais“ и ги открил сите детали околу понудата која пристигнала од Мадрид. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез го гледал Покетино како замена за Зидан кој ги изненади сите и си замина од клупата на Реал во мај минатата година. Меѓутоа, аргентинскиот стратег добро размислил и одлучил да ја одбие понудата од Мадрид.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Бев во тешка позиција. Сон на секој тренер е да води голем тим, но морав да ги одбијам. Вистина е дека тренерите, ако сакаат да си одат, може да си одат, но јас потпишав нов договор. Даниел Леви не ги прифати понудите, а јас одлучив да не го прекршам договорот, бидејќи не сакав на тој начин да постапам кон клубот“, истакна Покетино.

Реал потоа се сврти кон другите опции. На шпанската репрезентација неколку дена пред Светското првенство им го „украдоа“ Жулиен Лопетеги, кој не се задржа долго на „Бернабеу“. Потоа на клупата пристигна Сантијаго Солари, но по серијата лоши резултати и тој доби отказ и следуваше враќање на Зинедин Зидан.

Од другата страна, Покетино направи максимум со Тотенхем. Се бори за финале во Лигата на Шампионите што е големо изненадување, но и следната сезона ќе игра Лига на Шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Белингем призна: Ливерпул е најдобриот тим во Европа, но ние сме разочарани!

Џуд Белингем го пофали Ливерпул како „најдобриот тим во Европа“ откако на „Црвените“ успеа…