Фудбалерите на Тотенхем после поразот од Барнли минатиот викенд, ја пропуштија шансата да им се приближат на водечките Ливерпул и Манчестер Сити во борбата за титулата.
Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино е свесен дека и покрај добрите резултати, неговиот тим го нема потребниот квалитет за до крајот на сезоната да се бори за титулата во Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Спарси“ оваа сезона играат одлично, а средбата со Банрли им беше шанса да му се приближат на водечкиот Ливерпул, меѓутоа на крајот изгубија и титулата е се подалеку за лондонскиот тим.
„Во последните 10-12 натревари потребно е да бидете силни, да доминирате и да покажете дека сте вистински кандидат. Ние во саботата против Барнли покажавме дека сме добар тим, дека имаме квалитет, но не доволно за титулата“, изјави Покетино и додаде:
„Тоа е реалноста и мислам дека и играчите го мислат истото. Искрено, разочаран сум. Не покажавме доволно енергија и став. Ме загрижува тоа што немавме амбиција“, изјави аргентинскиот стратег.
Вечерва Тотенхем ќе ги одмери силите со Челзи, а потоа им следи дерби со најголемиот ривал Арсенал. Покетино тврди дека играчите лесно се мотивираат за такви натпревари, но потребно е играчите да се мотивираат и со послабите тимови.