Манчестер Јунајтед наводно е блиску до завршување на ангажманот на Покетино како нов тренер кој ќе го замени Оле Гунар Солскјер.
Аргентинецот долго време се поврзува со „Црвените ѓаволи“ и со другите големи гиганти, а сега „Дон Балон“ пишува дека е блиску до превземање на кормилото на „Олд Трафорд“. Покрај тоа, во извештајот се тврди дека доколку Покетино се пресели во Јунајтед, клубот ќе има голема предност во однос на Реал Мадрид во трката за потписот на Ериксен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова веројатно би бил неверојатен двоен трансфер за Манчестер Јунајтед ако успее да го реализира. Покетино одлично работи во Тотенхем и има смисла што е главна цел на Манчестер Јунајтед. Ериксен исто така би бил квалитетно засилвуање за нов менаџер и би ги засилил слабите позиции во овој момент во составот на Манчестер Јунајтед.