Најдобрата македонска ракометна репрезентација го заврши настапот на Европското првенство 2024 во Германија со учинок од два порази и една победа.
Во групата „А“ од прелиминарната фаза избраниците на селекторот Кирил Лазаров загубија од Франција (39:29) и домаќинот Германија (34:25), а триумфираа над Швајцарија (29:27).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неофицијално, Македонија го освои 17 место што не е наш најслаб пласман на континенталните шампионати.
Најслаби бевме на минатото ЕП пред две години кога завршивме на 22 позиција, а на ЕП 2020 бевме на 15 место.
Изненадувачки Шпанија не ја помина прелиминарната фаза и го завршува шампионатот во Германија на 13 место. Редоследно следуваат Црна Гора, Чешка, Полска, а зад нас се Грузија, Србија, Фарски Острови, Швајцарија, Романија, Грција, а последна на 24 позиција завршува Босна и Херцеговина.