Дома Фудбал Италија Познато кога Ибрахимовиќ ќе објави крај на кариерата?

Познато кога Ибрахимовиќ ќе објави крај на кариерата?

Напаѓачот на Милан Златан Ибрахимовиќ ќе соопшти дека ја завршува кариерата кон крајот на следната недела, пишува „Газета дело Спорт“.

До крајот на италијанското првенство остана само уште едно коло, а Милан ако освои бод против Сасуоло ќе го освои Скудетото, прво после 11 години. Ибрахимовиќ наводно го чека конечниот расплет за да ја донесе конечната одлука и да ја извести јавноста.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Искусниот напаѓач кон крајот на октомври ќе наполни 41 година, договорот со Милан му истекува на крајот на актуелната сезона и како што стојат работите нема да биде продолжен. Се најавува дека Ибрахимовиќ веднаш ќе добие можност да преземе функција во раководството.

Златан во последниот период игра со болки поради кои прима инекции пред секој натпревар. И него не му се допаѓа идејата да се пензионира, иако докторите го советуваат дека е време да каже крај. Се шпекулира дека ако продолжи Ибрахимовиќ ќе направи операција на коленото за да игра во некое друго првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…