Репрезентацијата на Македонија се соочува со проблеми пред гостувањето во Грузија, а еден од проблемите е и што селекторот Драган Бајиќ остана во Скопје и нема да биде на клупата.
Бајиќ доби позитивен тест на коронавирусот пред тргнувањето, но неговите проблеми започнаа и претходно. Имено, на македонскиот селектор не му беше дозволено да влезе во Косово, а тој самиот изјави дека не знае за што станува збор. Кошаркарите патуваа преку Приштина до Истанбул од каде што беше летот за Тбилиси, а за Бајиќ требаше да се бара алтернативо решение.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, на крајот доби позитивен тест и никако не беше во можност да патува. Порталот „Српскаинфо“ објави зошто настанал проблемот и зошто Бајиќ не бил пуштен на граница.
Имено, тие го замениле со друг Драган Бајиќ кој се бара од интерпол за повеќекратни уб*ства. Чудно е како може да се случи една ваква грешка во денешно време.