Марио Геце нема да игра фудбал до крајот на оваа сезона, а во Борусија се надеваат дека тој целосно ќе биде подгтовен за наредното првенство.
Геце, по враќањето во Дортмунд, најголем дел од сезоната пропушти поради повредеи, а потоа беше дијагностицирано дека тој боледува од миопатија, ректа болест која предизвикува распаѓање на мускулното ткиво.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Оваа ретка болест предизвикува распаѓање на мускулното ткиво, поради што на Геце веднаш му забранија да тренира и секаков физички напор, но за среќа првите реакции од терапијата се позитивни.
„Веруваме дека лекувањето ќе мине без проблеми. Геце позитивно реагира на третманот и доколку се биде во ред очекуваме тој да биде со тимот кога ќе ги започнеме летните подготовки“, изјави извршниот претседател на Борусија, Ханс-Јоаким Вацке.
Во изминатите шест години Геце имаше 11 различни повреди на мускулите.