Навистина зборови во кои тешко е да се поверува.
Позицијата на Јулиен Лопетеги во Реал Мадрид е навистина лоша, а во медиумите веќе на големо се пишува за неговиот отказ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со клупата на Реал Мадрид се поврзуваа неколку имиња, тренерот на младинците на Реал и поранешен играч, Солари, денес Французите го најавија и Венгер, претходно Конте беше фаворит, а се споменуваше и името на Жозе Мурињо.
Шпанскиот медиуми „Диарио“, поточно новинарот на овој медиум, Едуардо Инда, тврди дека Жозе Мурињо прави се за да добие отказ во Манчестер Јунајтед.
„Мурињо повторно ќе биде тренер на Реал, без разлика дали тоа на некои ќе им се допадне или не. Тој прави се за да добие отказ во Манчестер Јунајтед, прашање е на време е само кога“, тврди уредниот Инда кој додава и дека асистент на Мурињо во Мадрид ќе му биде Чаби Алонсо.
Навистина изјава во која тешко може да се поверува, а дали има вистина останува времето да покаже.
#RealMadrid ⚪ | OK Diario: Mourinho – Xabi Alonso, la dupla para el banquillo del Real Madrid https://t.co/kdXjVYd7wK pic.twitter.com/0MtWCw1NiR
— Diario SPORT (@sport) October 23, 2018