Црвена Звезда успеа да обезбеди учество во ЛШ, а навивачите со нетрпение очекуваат почеток на продажба на билетите.
Голем успех направи Звезда, како резултатски така и финансиски, а нова финансиска инекција се очекува кога ќе бидат продадени картите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се очекува голема заработка имајќи го во предвид капацитетот на стадионот и интересот кој владее за натпреварите во ЛШ.
Според некои неофицијални информации до кои дојде српски „Информер“, цените за блок картите ќе бидат следни:
4.000 денари – север и југ
6.300 денари – исток
7.800 денари – исток центар
9.400 денари – запад
Покрај тоа, се наведува дека ќе има и попуст за членовите на клубот кој би можеле да изнесуваат и до 50%.
Да напоменеме, цените се уште не се официјални и може да дојде до промена, а Звезда нема премногу време да одлучи бидејќи првиот натпревар на програмата веќе на 18. септември кога на најголемиот српски стадион доаѓа Наполи.