Дома Топ вести Познати сите детали: Нејмар „САМ“ ќе си ја плати клаузулата, промоција следните денови

Познати сите детали: Нејмар „САМ“ ќе си ја плати клаузулата, промоција следните денови

Најголемата трансфер сага ова лето, односно трансферот на векот е веќе при крај. Нејмар до крајот на неделата и официјално ќе стане нов играч на ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.

Веќе се познати и сите детали и како ќе тече целата трансфер операција. Нејмар отпатува во Кина поради спонзорски обврски, а потоа ќе слета во Катар каде ќе потпише спонзорски договор со „Qatar Sports Investments“ вреден 300 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Со тие пари Нејмар „САМ“ ќе ја плати откупната клаузула од 222 милиони евра, плус 40 милиони кои треба да завршат кај неговиот татко (менаџер) како провизија од трансферот.

Тоа е всушност планот на ПСЖ за да го „издрибла“ Финансискиот фер-плеј и да остане во финансиските норми кои ги има УЕФА, а Барселона веќе најави жалба до УЕФА.

Нејмар ќе потпише договор со „светците“ тежок 35 милиони евра по сезона (нето), плус 40 милиони евра како бонуси за 4-те години.

Утре таткото на Нејмар треба да одржи состанок со раководството на Барселона и да добие 26 милиони евра како провизија од договорот што го потпиша Нејмар со Каталонците минатата година.

Со тоа ќе биде комплетирана целата трансфер операција, Барселона ќе добие 222 милиони евра колку што е откупната клаузула, таткото на Нејмар ќе ја добие провизијата (26 + 40), а Бразилецот би требало да биде промовиран во Париз до крајот на неделата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува незадоволната ѕвезда на Челзи

Oфанзивецот на Челзи, Кристофер Нкунку сака да го напушти клубот во текот на зимскиот прео…