Домаќин на овосезонското издание на ФИФА Светското клупско првенство ќе биде Катар.
Како и секогаш шампионот на Европа кој овој пат тоа е Ливерпул натпреварувањето ќе го започне од полуфиналето и веќе се познати три можни ривали на тимот на Клоп.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во разигрувањето ќе играат домаќинот Ал-Сад и Хеинхене Спорт. Подобриот од тој натпревар во четвртфиналето ќе оди на натпревар со Монтереј.
Победникот од тој четвртфинале натпревар ќе оди на Ливерпул во полуфиналето.
Со оглед на тоа дека континенталните клупски натпреварувања во Јужна Америка и Азија се уште не се завршени втората половина на ждребот се уште не е позната.
Засега сигурно е дека во вториот дел од ждребот ќе настапи шампионот на Африка Есперанса Спортива де Тунис и тоа во четвртфиналето.
Турнирот ќе стартува на 11-ти декември со натпреварот помеѓу Ал-Сад и Хеингхене Спорт.