Дома Топ вести Погледнете во што е претворен стадионот на Валенсија поради големите поплави 🎥

Погледнете во што е претворен стадионот на Валенсија поради големите поплави 🎥

Валенсија и регионот се погодени од страшни поплави кои досега однесоа и над 70 човечки животи, па така спортот е ставен во втор план.

Вчерашните натпревари на сите клубови од Валенсија беа одложени и засега е неизвесно дали Валенсија ќе игра против Реал Мадрид во саботниот дуел.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Тој натпревар треба да се одигра на култната „Местаља“ која во овие тешки моменти има сосема поинаква намена.

Имено, стадионот на Валенсија е претворен во складиште за храна и помош за погодените од природната катастрофа која е најголема во овој град во последните четири децении.

https://twitter.com/valenciacf/status/1851685857515766064
Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Менaџерот на Њукасл заврши во болница, нема да го води тимот против Јунајтед

Менaџерот на Њукасл, Еди Хау, итно беше примен во болница во петокот вечерта откако неколк…